Соопштение

19 May 2022

Во рамките на соработка на Дипломатските академии на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Виенската дипломатска академија, и во коорганизација со Амбасадата на Австрија во Скопје, на 18 мај 2022., во Министерството за надворешни работи, беше реализирана посета на педесетина дипломати од единаесет земји кои ги следат дипломатските студии во ова  светски реномирана дипломатска академија, а предводени од  претседателот на академијата Н.Е. Емил БРИКС.

На присутните им се обрати ЗМНР, г-ѓата Фатмире ИСАКИ, која  во својот настап се осврна на досегашната соработка со Дипломатската академија во Виена, каде што низ нејзините дипломатски курсеви и програми во изминатите 25 години, поминаа околу педесетина наши дипломати, образувајќи се и надградувајќи ги своите дипломатски знаења и вештини. Притоа, изрази благодарност за континуираната соработка и поддршката што Дипломатската академија ја дава, овозможувајќи соодветна обука и пракса за нашите дипломати за нивно стручно усовршување и справување со предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа во МНР или во нашите амбасади во светот.

Во интерактивна дискусија младите дипломати од Виенската академија имаа можност да се запазнаат со активностите на Министерството за надворешни работи, чии активности беа претставени од страна на Директорите на Директоратот за односи со европските држави, Директоратот за воневропски земји, Директоратот за НАТО, Директоратот за Европската унија и Директоратот за воневропски земји.

Посетата на младите дипломати на Виенската  дипломатска академија, претставува континуитет на одличните билатерални односи и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Австрија и во делот на размената на дипломатските добри практики и „know-how“ искуства.

 

Скопје, 18 мај 2022. година