Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Романија се воспоставени на 11.1.1995 год. година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Протокол меѓу Македонската Влада и Романската Влада за уредување на билатералната договорна состојба“
- склучен на 8 март 1996 година.
- во сила од 20 јули 1998 година
2. „Договор меѓу Македонската Влада и Романската Влада за трговска и економска соработка“
- склучен во Букурешт, на 27 септември 1996 година
- во сила од 19 март 1997 година
3. „Конвенција меѓу Македонската Влада и Романската Влада за соработка на полето на заштитата на растенијата и карантинот“
- склучена во Букурешт, на 30 јуни 1999 година
- во сила од 8 мај 2001 година
4. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Романската Влада за патен сообраќај“
- склучена во Букурешт, на 12 јуни 2000 година
- во сила од 10 мај 2001 година
5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Романската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на данокот од доход и данокот на капитал“
- склучена во Букуреш, на 12 јуни 2000 година
- во сила од 16 август 2002 година
6. „Договор меѓу Македонската Влада и Романската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестиции“
- склучен во Букурешт, на 12 јуни 2000 година.
- во сила од 13 февруари 2002 година
6a. „Протокол за изменување на Договорот меѓу Македонската Влада и Романската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестициите потпишан во Букурешт на 12 јуни 2000 година“
- склучен во Скопје, на 27 февруари 2008 година
- во сила од 5 февруари 2009
7. „Договор за пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Романија“
- склучен во Букурешт, на 30 април 2001 година.
- во сила од 6 декември 2002 година
8. „Конзуларна конвенција меѓу Република Македонија и Романија“
- склучена во Скопје, на 6 ноември 2002 година
- во сила од 20 февруари 2004 година
9. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за преземање на сопствени државјани и странци“
- склучен во Букурешт на 12 ноември 2003 година.
- во сила од 10 ноември 2006 година
10. „Договор меѓу Република Македонија и Романија за меѓусебна правна помош во граѓанските предмети“
- склучен во Букурешт, на 12 ноември 2003 година.
- во сила од 10 март 2007 година
11. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и други нелегални активности“
- склучен во Букурешт, на 12 ноември 2003 година.
- во сила од 10 октомври 2006 година
12. „Договор меѓу Република Македонија и Романија за социјално осигурување“
- склучен во Букурешт, на 27 февруари 2006 година.
- во сила од 01 март 2008 година
13. „Протокол за изменување на Договорот меѓу Македонската Влада и Романската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестициите потпишан во Букурешт на 12 јуни 2000 година“
- склучен во Скопје, на 27 февруари 2008 година.
- во сила од 5 февруари 2009 година
14. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за економска, научна и техничка соработка“
- склучен во Букурешт, на 06 октомври 2011 година.
- во сила од 15.09.2015 година
15. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на туризмот“
- склучен во Букурешт, на 06 октомври 2011 година.
- во сила од 17 јули 2012 година
16. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас-медиумите, младите и спортот “
- склучен во Скопје, на 03 јули 2013 година.
- во сила од 25 јуни 2019 година
17. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за заемна заштита на класифицирани информации“
- склучен во Букурешт на 4 август 2016 година
- во сила 13 ноември 2017 година
18. Замената на возачки дозволи меѓу двете држави се врши согласно Анексот 2 од Виенската Конвенцијата за патен сообраќај од 1968 ( чии договорни страни се Република Северна Македонија и Романија)
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Договор за соработка меѓу МВР на Република Македонија и МВР на Романија“
- склучен на 23 јуни 1995 година
a. „Протокол за соработка меѓу МВР на РМ и МВР на Романија “
- потпишан во Букурешт на 15.12.1995 година
2. „Спогодба за соработка на Државниот архив на Република Македонија и Државните архиви на Романија“
- склучена во Букурешт, на 13 септември 1995 (со клаузула за продолжување на секои 3 години, продолжен на 20 мај 1998 година во Скопје и во декември 2012 (види под точка 17 )
3. „Протокол за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Романија“
- склучен во Скопје, на 08 март 1996 година
4. „Договор за соработка помеѓу Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија и Универзитетот во Букурешт, Република Романија“
- склучен во Букурешт на 08 октомври 1997 година
5. „Договор за соработка помеѓу Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија и Универзитетот “Политехника“ во Букурешт, Република Романија“
- склучен во Букурешт на 08 октомври 1997 година
6. „Договор за соработка помеѓу Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија и Универзитетот во Крајова, Република Романија и Работен план за научна соработка за периодот 1997 и 1998 календарска година“
- склучен во Крајова на 11 октомври 1997 година
7. „Договор меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Романија за соработка во областа на одбраната“
- склучен во Скопје, на 26 јули 1998 година
8. „Спогодба меѓу Македонското министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Романското министерство за земјоделство и храна за соработка на полето на земјоделството“
- во сила од 17 декември 1999 година
9. „Спогодба за соработка меѓу Државниот завод за ревизија на Република Македонија и Судот за ревизија на Романија;“
- склучена во Скопје, на 19.06.2003 година
10. „Спогодба помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Романија за соработка на военото поле“
- склучена во Букурешт, на 11 мај 2004 година
11. „Рамковна спогодба во рамките на Проектот за подршка на стручно и техничко образование “
- склучена во Букурешт, на 5 ноември 2004 година
12. „Заедничка изјава на министерот за надворешни работи на Република Македонија и министерот за надворешни работи на Романија за билатерална соработка во полето на Европската интеграција“
- склучена во Букурешт, на 9 јуни 2005 година
13. „Договор за постигнување на реципроцитет меѓу Република Македонија и Романија во однос на фискалните привилегии и начинот на обезбедувањето на дипломатските мисии во двете земји“
- склучен со размена на ноти, 26 март 2008 година
- во сила од 10 април 2008 година
14. „Протокол за соработка помеѓу Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Државниот завод за пронајдоци и трговски марки на Република Романија “
- склучен во Скопје, на 02 јули 2008 година
15. „Меморандум за разбирање меѓу МВР на РМ, Сојузното МВР на Р.Австрија, МВР на Р.Романија, МВР на Р.Словенија, МВР на Р.Албанија, Министерството за безбедност на БиХ, МВР на Р.Хрватска, МВР на Црна Гора и МВР на Р.Србија за воспоставување на единици за меѓународна координација на органите надлежни за спроведување на Законот (ILECUs)“
- потпишан во Брдо кај Крањ, Р.Словенија, на 09 септември 2009 година
16. „Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Романија за соработка на полето на комуникациите и информатичкото општество“
- склучен во Скопје, на 27 мај 2010 година
17. „Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и Националната комисија за контрола на нуклеарните дејности на Романија за соработка во полето на радијационата заштита“
- склучен во Букурешт, на 26 октомври 2010 година
18. „Меморандум за разбирање и соработка меѓу Директоратот за дипломатска академија на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Романскиот дипломатски институт на Министерството за надворешни работи на Романија“
- склучен во Букурешт, на 23 февруари 2011 година
19. „Меморандум за соработка во полето на Европската и евро - атлантската интеграција помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Романија“
- склучен во Букурешт, на 23 февруари 2011 година
20. „Договор за соработка од областа на архивите помеѓу Државниот архив на Република Македонија и Националните архиви на Романија“
- потпишан во Букурешт на 06 декември и во Скопје на 26 декември 2012.
21. „Меморандум за соработка и разбирање меѓу Општината Ресен, Р.Македонија и Општината Калафат, Романија“
- потпишан на 22.10.2015 година
22. .„Меморандум за соработка меѓу Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Одборот за надзор од јавен интерес на сметководствената професија на Романија“
- склучен во Букурешт на 11.11.2015 година
23. .„Договор за академска соработка меѓу Универзитетот “Гоце Делчев“-Штип и Универзитетот за економски науки-Букурешт“
- склучен во Букурешт на 16.12.2016 година
24. „Договор за академска соработка меѓу Универзитетот “Гоце Делчев“-Штип и Универзитетот за политички науки и администрација“
- склучен на 19.12.2016 година
25. „Меморандум за соработка во областа европските интеграци помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Романија“
- склучен на 22 мај 2019 година во Букурешт
Договори преземени од СФРЈ
1. „Спогодба меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Романија за поштенските служби и двете земји“, склучена во Букурешт, на 13 јануари 1956.
2. „Ветеринарно-санитарна конвенција меѓу ФНРЈ и НР Романија“, склучена во Белград, на 4 август 1956.
3. „Конвенција меѓу ФНРЈ и НР Романија за заштита на земјоделските и шумските растенија од штеточини и болести“, склучена во Букурешт, на 25 септември 1956.
4. „Трговска спогодба меѓу ФНРЈ и НР Романија“, склучена во Бриони, на 27 октомври 1956.
5. „Договорот меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Романија за културна соработка“, склучен во Бриони, на 27 октомври 1956.
6. „Договор меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Романија за давање на медицинска помош на дипломатско-конзуларниот персонал на Амбасадата на ФНРЈ во Букурешт и на Амбасадата на НР Романија во Белград“, склучен во Букурешт на 19 мај 1958.
7. „Протокол меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Романија во врска со заедничките ветеринарно-санитарни мерки што треба да се преземат како превентива во спречувањето на сточните болести, особено шапот“, склучен во Букурешт, на 19 декември 1959.
8. „Договор меѓу Владата на СФРЈ и Владата на НР Романија за меѓународен патен сообраќај“, склучен во Букурешт, на 25 декември 1963.
9. „Договор меѓу Владата на СФРЈ и Владата на НР Романија за меѓусобно укинување на визите за деловни и приватни патувања“, склучен во Белград, на 02 август 1967
10. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Владата на НР Романија за издавање на реципрочна основа, на исправи за работен стаж и школски дипломи, без наплата на такси од надлежните органи на двете земји“, склучени по пат на размена на ноти од 25 октомври 1966, односно од 03 октомври 1967.
11. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Владата на НР Романија за соработка во областа на туризмот“, склучена во Букурешт, на 21 јули 1969.
12. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Владата на НР Романија за царинска соработка“, склучена во Букурешт, на 24 април 1970.
13. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и Владата на НРРоманија за соработка во областа на јавното здравство и медицинските науки“, склучена во Белград, на 25 мај 1971.
14. „Договор меѓу Владата на СФРЈ и Владата на НР Романија за активноста на претставништвата на националните органи за туристичка пропаганда и информаации“, склучен во Белград, на 06 декември 1972.
15. „Конзуларна конвенција меѓу СФРЈ и НР Романија“, склучена во Белград, на 24 јануари 1974.
16. „Договор меѓу Владата на СФРЈ и НР Романија за економска, научна и техничка соработка, како и за производна кооперација и специјализација“, склучен во Букурешт, на 21 декември 1974.
17. „Протокол за укинување на клириншкиот начин на плаќање со конвертабилна валута меѓу СФРЈ и НР Романија“, склучен во Букурешт, на 21 декември 1974.
18. „Договор меѓу Владата на СФРЈ и НР Романија за соработка во областа на здравственото осигурување“, склучен во Букурешт, на 20 март 1976.
19. „Спогодба меѓу Владата на СФРЈ и НР Романија за признавање на рамноправноста (еквиваленција) на документите за образование издадени во двете земји“,склучена во Белград, на 19 октомври 1978.