По раѓањето, Вашето дете стекнува држав¬јанство на Република Северна Македонија, доколку барем еден од Вас родителите е државјанин на земјата.
Односно, Вашето дете стекнува државјанство на Република Северна Македонија со потекло кога ќе бидат исполнети следниве услови:
* Ако и двајцата сте државјани на Република Северна Македонија, вашето дете стекнува држав¬јанство, независно од тоа каде е родено.
* Ако еден од вас е државјанин на Република Северна Македонија и ако вашето дете е родено во Република Северна Македонија, тогаш Вашиот брачен другар мора да се согласи со тоа вашето дете да стекне државјанство на земјата.
* Доколку вашето дете се роди во странство, а само еден од вас е државјанин на Република Северна Македонија, тогаш вашето дете ќе стекне државјанство, доколку:
- Поднесете барање за запишување на Вашето дете во книгата на државјани, пред тоа да наполни 18 години; или
- Вашето дете се враќа да живее во Република Северна Македонија со Вас, пред да наполни 18 години; или
- Вашето дете со наполнети 18 до навршени 23 години возраст поднесе барање за запишување во книгата на државјани.
Забележете дека, доколку другиот родител е непознат или со непознато државјанство, Вашето дете ќе стекне држав¬јанство на Република Северна Македонија со потекло, независно од тоа каде е родено!